Пеачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ вчера го кажаа судбоносното „да”. Двајцата мислеле на сите поединости за овој ден, а неодамна потпишале и предбрачен договор.
Филип Живојиновиќ е син на српскиот тенисер Боба Живојиновиќ од првиот брак со Зорица. Тенисерот е во втор брак со пеачката Лепа Брена.
-Александра и Филип се венчаа од љубов и нив не ги интересира многу материјалната состојба на другиот. Сепак, тие разговарале и одлучиле дека е најдобро да потпишат предбрачен договор. Тоа не е воопшто чудно, меѓу парови тоа е нормална работа, не само во светот ами и кај нас- рекол изворот на српски „Курир”.
Според изворот, се што поседувале пред бракот, откако ќе се разведат не го делат, ами останува на оној кој го имал првично.
-Филип нема да има право да го задржи станот на Александра во Белград. Автомобилот кој и го подари на Александра, исто така нема право да го бара назад-рекол изворот.
Заедничкиот имот сепак ќе се делел на пола.
-Се што ќе стекнат за време на бракот ќе се дели рамноправно, доколку за тоа има потреба. Во договорот стои дека за време на бракот и двајцата можат да го користат имотот на партнерот-додал изворот.