Советот за безбедност на ОН донесе резолуција со која се повикува за засилено учество на млади во напорите за спречување конфликти, во преговори за прекин на судири и за мировни договори.
Резолуцијата за младите, мирот и безбедноста предупредува дека маргинализирањето на младите се одразува многу лошо за напорите за траен мир и на борбата против екстремизмот.
Се изразува загриженост дека терористите се повеќе го користат интернет за врбување млади „да извршуваат терористички напади“.
Резолуцијата е актуелизирање на претходна од декември 2015 година со која се повикуваа 192-те членки на ОН да побараат начини за пошироко учество на младите во донесување одлуки на локално, национално, регионално и меѓународно ниво.