Смеење до солзи, аплаузи, критики кон власта и на годинешната манифестација „Златна бубамара на попопуларноста“.
Непотизмот и вработувањата на цели семејства на функционери од СДСМ беа топ тема на завчерашната манифестација која се одржа во скопската сала „Борис Трајковски“, а пак вечерва премиерно се емитува на Канал 5.
Познатиот македонски актер Сашко Коцев се надмина себе си кога имитирајќи ги вработените во скопските маркети кога ги повикуваат своите колеги на „главна каса“, се обрати кон публиката:
– Се моли Мира дизел да се јави на бензинска, а сите роднини во Антикорупциска – рече Коцев по што беше поздравен со бурен аплауз и смеење до солзи.