Саудијците ќе го признаат убиството на новинарот Кашоги?

374
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Американската телевизија CNN повикувајќи се на сопствени извори објави дека Саудиска Арабија подготвува извештај за признавање на убиството на новинарот Џамал Кашоги, кој од 2-ри октомври е исчезнат откако влезе во саудиски конзулат во Истанбул, Турција.

Според CNN, во извештајот ќе стои дека Кашоги починал откако негово испрашување во конзулатот тргнало во погрешен правец и дека операцијата против новинарот се одвивала без дозвола од саудиските власти.

59-годишниот Кашоги последните 8 години работеше како коментатор во повеќе американски, западно-европски и арапски медиуми, пишувајќи осврти на начинот на владеење на саудискиот крал.

На 2-ри април влегол во конзулатот во Истанбул, за да среди приватни обврски, но никогаш не излегол од конзулатот. По пријавеното исчезнување, американските и турските власти обвинија дека е убиен во конзулатот, но Саудиска Арабија го негираше тоа и покрај најавените докази од страна на турските истражители.

Кашоги потекнува од влијателно семејство во Арабија,неговиот дедо Мухамед бил личен лекар на основачот на Саудиска Арабија, кралот Ал Сауд. Неговиот чичко Аднан Кашоги бил познат трговец со оружје и еден од побогатите арапи во 80-тите години. Исчезнатиот Кашоги е братучед на Доди Фајед, партнерот на принцезата Дијана, двојката која загина во Париз.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...