Саудиска Арабија му го одзеде државјанството на новиот лидер на Ал Каеда, Хамза бин Ладен, синот на убиениот Осама бин Ладен, соопшти саудиското Министерство за внатрешни работи.
Вашингтон вчера понуди награда од еден милион долари за инфромации што би довеле до откривање и апсење на синот на ликвидираниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на неименуван висок американски претставник.
Според истиот извор, САД сметаат дека Хамза бин Ладен е новиот лидер на Ал Каеда и дека се наоѓа во реонот на авганистанско-пакистанската граница.
Американскиот претставник посочува дека Хамза бин Ладен изминативе години објавувал видео и аудио пораки во кои повикува на напади врз САД и нивните сојузници, во знак на одмазда за убиството на неговиот татко.