Саудиска Арабија го протерува амбасадорот на Канада

Тензии меѓу Саудиска Арабија и Канада поради притворени активисти.

160

Саудиска Арабија му наложи на канадскиот амбасадор во рок од 24 часа да ја напушти државата и најави дека ќе ги суспендира сите нови трговски и инвестициски договори со Канада откако канадското Министерство за надворешни работи го повика Ријад да ги ослободи притворените активисти за човекови права.

Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија соопшти дека истовремено е отповикан нивниот амбасадор во Канада.

Саудиското министерство соопшти дека канадското МНР и канадската амбасада ги повикале саудиските власти „неодложно да ги ослободат“ активистите.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...