Саркофаг со телото на египетски висок свештеник отворен во живо на „Дискавери“

279

Саркофаг со телото на египетски висок свештеник беше отворен во специјална двочасовна емисија во живо на теливизијата „Дискавери ченал“.

Програмата се емитугваше од месноста Миња, на долината на реката Нил, близу пирамидите во Гиза, јужно од Каиро, Египет. Археолозите тука неодамна открија мрежа од тунели и гробници, во коишто почиваат 40 мумифицирани луѓе, за кои се смета дека биле дел од благородништвото.

Шоуто го водеше Џош Гејтс, а гостин беше Захи Хавас, египетски археолог и поранешен министер за антиквитети.

Проектот е спроведен во соработка со египетското Министерство за антиквитети. Истражувањето на неколку други гробници резултираше со наоѓање статуи, амајлии, стаклени кутии во кои се чуваат органи.

За отворањето на саркофагот беа неопходни силата и вештината на неколкумина. И, сè тоа не беше воопшто напразно… Внатре е откриена мумија на висок свештеник на Тот – богот на мудроста и магијата, опсипан со скапоцености, вклучително и злато.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...