Сараево загадено и денеска

100

Во Сараево и утрово, трет ден по ред, е измерено големо загадување на воздухот, а индексот на квалитетот на воздухот, како и во текот на ноќта, е окарактеризиран како опасен, пренесува порталот Кликс.ба.

По синоќешната рекордна загаденост, апаратите на американската Амбасада во Сараево и денеска покажуваат опасно загадување во главниот град на БиХ, а во седум часот утрово измерено се 363 AQI.

Членовите на Колегиумот на Собранието на Кантонот Сараево во среда на седница ќе расправаат за загаденоста.

Сараево во неделата беше најзагаден град на светот со индекс на квалитет на воздухот од 268 единици, соопшти американската Влада врз основа на податоци кои ги собира од градови во кои има амбасади на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...