Санкциите на САД против Додик остануваат во сила

49
ФОТО: Твитер

Санкциите, кои САД ги воведе против претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, остануваат во сила, потврди заменикот  државен секретар на САД Џон Саливан, кој се сретна вчера в Сараево со членовите на тричленото босанско Претседателство.

– Се сретнав со претседавачот на Претседателство со Додик и другите двајца негови членови, бидејќи ја почитувам таа институција. Ја почитуваме демократијата и одлуката на граѓаните да изберат членови на Претседателството, но тоа не го менува статусот на Додик кога станува збор за санкциите – истакна Саливан.

САД во јануари 2017 година воведоа санкции против Додик на основа на указот, со кој се дозволува „да се воведат санкции против лица и организации, кои го поткопуваат или е можат да го нарушат Дејтонскиот договор од 1995 година“.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...