Санкциите на САД кон Русија го одложија стартот на производството на патничкиот авион МС-21

156

Москва го одложи стартот на производството на патничкиот авион МС-21 за една година, поради американските санкции воведени кон Русија, соопшти рускиот конгломерат „Ростек“.

Првиот човек на „Ростек“, Сергеј Чемезов нагласи дека со американските санкции се ограничува извозот на композитни материјали неопходни за производство на авионот, па компанијата ќе мора да најде начини да ги обезбеди тие делови од домашно производство.

– Датумот на стартот на масовното производство (на авионот) малку се поместува и сега се очекува тоа да се случи кон крајот на 2020 година – додаде Чемезов.

Русија се надеваше дека проетокот за изработка на МС-21 ќе продонесе за заживување на руската индистрија за производство на цивилни авиони.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...