Европската Унија ги продолжи санкциите кон Иран до 13 април 2020, како резултат на лошата состојба со човековите права во земјата.
Како што јави дописничката на МИА, овие санкции се во сила од 2011 година и оттогаш ЕУ ги продолжува секоја година.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ денеска на состанокот во Луксембург одново ги продолжија санкциите за уште една година.
Санкциите се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнат имот на 82 физички и едно правно лице, како и забрана за извоз во Иран на опрема која би можела да биде употребена за репресија врз населението или за прислушување, соопшти Советот на министри на ЕУ.