Белата куќа денеска соопшти дека размислува за воведување на дополнителни санкции против Русија по наводниот напад со хемиско оружје во Сирија, но оти се уште не е донесена таква одлука.
– Размислуваме за дополнителни санкции кон Русија и одлуката ќе биде донесена во блиска иднина, изјави портпаролката на Белата куќа – Сара Сандерс.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека американските санкции за Москва се „економски меѓународен напад и нефер конкуренција“, додавајќи оти одговорот на тоа ќе биде во согласност со руските интереси.
– Санкците кон Русија прераснуваат во фикс идеја. Се уште ги сметаме за незаконски и убедени сме дека секој економист може да увиди оти тие претставуваат обид за потиснување на руските компании од светскиот пазар – нагласи Песков.