Телеком операторот „Веризон Комуникејшнс“ работи со „Самсунг Електроникс“ на промоција на првиот „5Г“ смартфон на пазарот во САД. Уредот се очекува да се појави во првата половина од наредната година.
Веста дојде неодамна, откако стана јасно дека ајфон на „Епл“ со „5Г“ поддршка ќе излезе на пазарот не порано од 2020 година. Така „Самсунг“ повторно ќе го надмине својот конкурент во нов пазарен сегмент – слично на ОЛЕД дисплеите.
„Самсунг“ и „Веризон“ планираат да покажат прототип на „5Г“ смартфонот за време на годишниот „Снапдрагон Технолоџи Самит“ оваа недела. Самото учество во овој настан сугерира дека смартфонот ќе користи модем на „Куалком“ – тоа е моделот „Снапдрагон X50“, кој премина успешни тестирања уште минатата година.
Поради патентен спор со „Куалком“, „Епл“ се уште не може да го користи „5Г“ модемот на компанијата и ќе мора да почека „Интел“ да предложи таков чип. Во ноември оваа година. американскиот суд му нареди на „Куалком“ да даде лиценци на некои од своите патенти на конкурентните компаниите, за да можат да развиваат „5Г“ модеми. Конкретно, лиценца мора да добие „Интел“.
„Веризон“ пушти комерцијална „5Г“ услуга во октомври оваа година. Минатиот месец финансискиот директор на компанијата Метју Елис изјави дека „Веризон“ ќе го ориентира кон пошироката публика својот домашен широкопојасен „5Г“ рутер по прифаќањето на светските стандарди за новата технологија.