Само еден час на една локација свирка за уличните музичари во Љубљана

63

Локалните власти во Љубљана решија да го ограничат времето за свирење на уличните музичари.

Ова одлука доаѓа по поплаките на граѓаните, кои велат дека често се вознемируваат од музичарите кои заработуваат настапувајќи на улиците низ градот.

Според новите правила еден музичар нема да може да се задржи на едно место во градот повеќе од еден час. За оваа одлука да се спроведува и да функционира ќе се грижат припадниците на градската редарска служба.

Уште минатата година локалните власти кажаа дека бараат модалитет како да го решат проблемот со големиот број улични музичари.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...