Самоубиството на политичарката ја вознемири Холандија

356

Холандската јавноста се уште е во шок од самоубиството на политичарката Вили Диле, која изврши самоубиство само неколку часа објави видео во кое тврди дека минатата година ја силувале група на мигранти, а по наредба на нејзиниот поранешен партиски колега.

Во видео пораката, таа тврди дека група криминалци, муслимани, ја киднапирале, нападнале и силувале на 15 март минатата година, на денот на локалните избори, а по налог на нејзин поранешен партиски колега

Полицијата тогаш соопшти дека знае за случајот, но дека не може ништо да стори бидејќи не е поднесена тужба.

Диле во видео пораката рече дека напушта политика и се плаши за нејзиното семејство.

– Не можам да живеам со тоа. Тие луѓе мразат жените и ме мразат мене – рече Диле.

Нејзината објава на Фејсбук беше брзо отстранета, а следуваа бројни коментари на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...