Самитот Трамп-Ким ги намали берзанските индекси

89
ФОТО: EPA / STRINGER

Индексите на светските берзи денеска забележа пад, по предвременото завршување на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Ханој, на која не беше потпишан најавуваниот договор за денуклеаризација.

Самитот беше прекинат пред време и беше откажан планираниот ручек, по што Трамп замина од Виетнам.

По „неповолните“ вести од Ханој, референтниот индекс на Берзата во Сеул, Коспи се намали за 1,8 отсто, токискиот Никеи 225 за 0,8 проценти, а шангајскиот Композит за 0,4 отсто.

Хонгконшкиот берзански инекс Ханг Сенг се намали за 0,6 проценти, а австралискиот СП АСХ 200 за 0,3 отсто.

Исклучок од ваквите тенденции беше само берзанскиот индекс во Индија, кој единствен меѓу азиските показатели забележа раст.

Пад на вредноста на акциите е регистиран и на електронските тргувања на Њујоршката берза. Индексот Дау Џонс се намали за 0,3 отсто, а Насдак за 0,1 проценти,

Ваквиот пад на индексите на Волстрит беше дополнително поттикнат и од изјавата на американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер, кој нагласи дека САД и Кина „треба да направат уште многу“ за да постигнат договор за надминување на царинската војна.

Од утрово пад бележат и индексите на европските берзи, а се намалија и цените на нафтата.

Така, американската „лесна“ нафта во електронските тргувања на Волстрит поевтини за 17 центи на 56,77 долари за барел, по вчерашниот раст од 2,6 отсто, додека цената на северноморскиот „брент“ на Берзата во Лондон се намали за 29 центи на 66,29 долари за барел.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...