Салвини не е веќе веродостоен партнер, соопшти Движењето „Пет ѕвезди“

149
ФОТО: EPA / LUIGI MISTRULLI

Италијанското Движење „Пет ѕвезди“ соопшти дека претседателот на десничарската партија „Лига“, Матео Салвини веќе не е веродостоен партнер, со што, се чини, ја затвори вратата за каква било можност за продолжување во коалициската владина соработка.

Британските медиуми пренесуваат дека претседателството на „Пет ѕвезди“ вчера се состана во вилата на основачот на движењето, Бепе Грило, за да ги утврди ставовите во пресрет на утрешната седница на италијанскиот Сенат, кога премиерот Џузепе Конте ќе зборува за кризата во власта.

„Сите присутни се согласија дека Салвини веќе не е веродостоен партнер“, се наведува во соопштението на Движењето.

Како што се наведува, на состанокот присуствувале лидерот на Движењето, Луиѓи Ди Мајо, претседателот на Долниот дом на парламентот, Роберто Фицо, и Александро Ди Батиста, кој не е член на парламентот, но се смета за политичар со најголема харизма и со голем број приврзаници.

На 8 август Салвини соопшти дека коалицијата со Движењето „Пет ѕвезди“ веќе не функционира и повика на оддржување предвремени избори.

ФОТО: EPA / LUIGI MISTRULLI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...