– Сега ми се чини очигледно дека Макрон е лабораториски производ осмислен да ја блокира и најмалата промена која би се појавила на видик – рече Салвини пред странски новинари во Рим.
Салвини, кој е и заменик-премиер, рече дека пред само неколку месеци Макрон бил „првак на новата Европа за целата италијанска левица“.
– Беше новиот гениј на Европа, новиот спасител на Европа… Сепак, се излажаа – рече Салвини.
Тој додаде дека одлично ги сфаќа економските, социјалните и културните мотиви кои се во основата на движењето за кое, како што рече, се надева дека ќе постигне и конкретни цели, но во исто време истакна дека го осудува секој облик на насилство.
– Кога врз безбедносните сили се фрлаат молотови коктели, јас сум на страната на безбедносните сили – истакна Салвини.