Салвини: Атентат ми планирале неонацисти

Италијанската полиција и Обвинителството соопштија дека информацијата за постоење заговор за извршување атентатот на Салвини потекнува од поранешен агент на КГБ, но дека не е пронајден никаков доказ.

348
ФОТО: EPA / LUIGI MISTRULLI

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини изјави дека група украински неонацисти, уапсена поради поседување голем арсенал оружје, сакала да го убие.

– Тоа беше една од многуте закани што ги добивам секој ден. Тајната служба ми кажа за украинската група која планира атентат на мене. Драго ми е што тоа помогна да се пронајде арсеналот на некои луди луѓе – рече Салвини, кој е добро познат по своите силни про-руски ставови.

Италијанската полиција синоќа приведе тројца мажи, меѓу кои и еден кој е поврзан со неофашистичка политичка партија, откако откри голема количина оружје, меѓу кое и ракета воздух-воздух од француско производство, како и материјали со нацистички симболи.

Италијанската полиција и Обвинителството соопштија дека информацијата за постоење заговор за извршување атентатот на Салвини потекнува од поранешен агент на КГБ, но дека не е пронајден никаков доказ.

ФОТО: EPA / LUIGI MISTRULLI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...