Неименувани ловец кој провалил во Националниот парк „Кругер“ во Јужноафриканската Република, починал откако го прегазиле стадо на слонови. Но, тоа не е сè, неговото тело не успеале да го извлечат, бидејќи потоа го изеле лавови. Се претпоставува дека ловецот дошол да убие загрозен вид на носорог.
Заедно со несреќниот кој починал, уште четворица мажи биле во лов на носорогот, но тие имале повеќе среќа, и завршиле во затвор.
Полицијата ги фатила кога се обиделе да избегаат од националниот парк, а кога ги фатиле, на полицајците им раскажале дека слоновите прегазиле еден од нив.
Полициските службеници и вработените во паркот потоа тргнале во потрага по несреќен човек, и сè што знаеле е дека неговото тело се наоѓало на дел познат како мост Крокодил.
Бидејќи станува збор за опасен терен, почнале со пребарување со мал авион. Неколку дена нивните напори да го пронајдат телото биле неуспешни, се додека не ги нашле остатоците што лавовите не ги изеле.
LADbible известува дека се пронајдени облеката и главата на несреќниот човек.
– Влегувањето во Националниот парк Кругер, не само што е нелегално, но исто така опасно, бидејќи постојат многу опасности, како што докажа случајов. Беше многу тешко да и се соопшти на ќерката на починатиот човек, особено што не можевме да стигнеме до неговото тело – рекол менаџерот на паркот Глен Филипс, изразувајќи сочувство на семејството на ловецот.