Саемот на книгата со поголема посетеност

137

Издавачите се задоволни од годинашниот Саем на книгата кој завршува вечер, со оценка дека иако е на нова локација го задржал ланското ниво на посетеност, а во ВИП Арена „Борис Трајковски“ ги имале потребните услови.

Според податоците од Скопски саем, посетеноста е дури и надмината од 2017 година. Заклучно со вчерашниот, претпоследен ден, на саемот имало 44.300 посетители, од кои 21.500 ученици. Тие наведуваат дека е надмината вообичаената посетеност зашто во овој број не е внесен одѕивот од последниов ден, а лани во сите денови имало околу 45.000 посетители и тоа во неколку саемски хали на старата локација.

Најбројни биле младите читатели, пред се учениците. Нивните групни посети поради јубилејот беа бесплатни.

На штандовите на околу 70 издавачи се нудеа изданија од различни жанрови од домашни и странски автори, стручна и научна литература, енциклопедии, учебници, прирачници… Издавачите ги промовираа своите нови публикации, постарите ги имаа на попуст и се задоволни од продажбата.

Според изјавите од неколку претставници на издавачки куќи, најголем интерес од читателите, пред се од младите, имало за наслови од белетристиката, како и од психологијата, особено за мотивациските книги.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...