САД ќе платат 10 милиони долари да дознаат како се финансира Хезболах

103

САД синоќа распишаа награда во износ од 10 милиони американски долари за веродостојна информација што би можела да помогне во откривање на изворите на финансирање на либанската милитантна шиитска Божја партија (Хезболах).

Наградата е во рамки на програмата „Награда за правда“ на американскиот Стејт департмент.

Распишувањето на наградата доаѓа во време на зголемени тензии во односите меѓу САД и Иран, кои се главен поддржувач на Хезболах.

Влијанието на Хезболах последниве години значително зајакна во Владата на Либан, но и во регионот на Блискиот Исток, имајќи предвид дека припадници на групата се вклучени во конфликтот во Сирија, борејќи се на страната на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад,  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...