Американските власти објавија дека ќе преземат драстични чекори за ограничување на законската имиграција.
Ќе бидат одземани зелените карти на имигранти кои ја користат федералната и државна програма за помош на лица со ниски примања во сферата на здравственото осигурување (Медикејд), купони за храна, ваучери за домови и други форми на социјална помош.
Федералните закони и сега ги задолжуваат лицата кои сакаат да добијат постојан престој да докажат дека нема да бидат на товар на САД. Но, новите правила може да вклучат поголем број програми кои може да ги дисквалификуваат имигрантите. Новите мерки влегуваат во сила од октомври и нема да важат за американски граѓани.