САД ќе испратат уште авиони во Кина за враќање на граѓаните

31

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска најави дека САД ќе испрати дополнително авиони во Кина за да ги вратат нивните жители од провинцијата Хубеј.

– За времето на испраќање се уште се координираме со кинеската Влада. Треба да биде во наредните неколку дена. Ќе ги вратиме и американските државјани. Можеби ќе вратиме и некои граѓани од други земји. Работиме на тоа – рече Помпео за време на посетата на Узбекистан.

Тој додаде дека и САД планираат да испратат медицинска помош на Кина.

– Соработуваме со кинеската Влада и се обидуваме да го решиме овој светски епидемиолошки предизвик – рече Помпео.

Американските граѓани кои престојувале во провинцијата Хубеј по враќањето во САД ќе бидат ставени во двонеделен карантин.

Фото: PA/EFE/JIM LO SCALZO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...