САД стави на црна листа 28 кинески владини организации

На организациите од црната листа им е прекината можноста за увоз на производи од САД.

52

САД имаа ставија 28 владини и трговски организации во Кина на црната листа, соопшти американското Министерство за трговија.

Американското министерство за трговија појасни дека овие организации се обвинети дека се вмешани во кампања за репресија на кинеските власти, што првенствено се однесува на ујгурското муслиманско малцинство.

– Владата на САД и Министерството за трговија не можат и нема да толерираат брутално сузбивање (слобода) на етничките малцинства во Кина – изјави американскиот секретар за трговија Вилбур Рос.

На организациите од црната листа им е прекината можноста за увоз на производи од САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...