САД со честитки до ЕУ за успешните евроизбори

38

САД им честитаат на граѓаните на ЕУ за успешно завршените избори за членови на Европскиот парламент, соопшти американскиот Стејт департмент.

– Овие избори беа историски со тоа што милиони Европејци гласаа во еден од најголемите празници на демократијата – изјави портпаролката на Стејт департментот, Морган Ортагус.

Таа додаде дека САД и ЕУ споделуваат силно и трајно партнерство засновано на демократски вредности, длабоки економски врски и заложба за Трансатлантско заедништво.

– Знаеме дека ова партнерство продолжува и откако новите членови на ЕП ќе ги заземат своите места на 2 јули и се радуваме на соработката со нив и со лидерите во ЕП, нагласува Стејт департментот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...