САД и ставија јасно до знаење на Владата во Атина дека секое настојување да му се помогне на иранскиот танкер, кој плови кон грчките води откако е ослободен во Гибралтар, ќе значи поддршка на оние кои Вашингтон ги смета терористи, а тоа би можело да има потенцијални кривични последици.
Тоа го изјави официјален претставник на Стејт департментот, кој нагласи дека САД ја пренеле својата „цврста позиција“ до Владата во Атина во врска со иранскиот танкер, за кој Вашингтон тврди дека носи нафта за Сирија.
– Секое настојување да му се помогне на танкерот може да се смета како давање материјална поддршка за оние кои САД ги вбројува во терористичка организација и затоа може да има евентуални кривични последици – истакна претставникот на Стејт департментот.
Танкерот „Адријан Дарија 1“ го напушти гибралтарското пристаниште доцна во неделата и податоците за следење на бродови покажуваат дека се движи кон Каламати во Грција.