САД со нови санкции за Венецуела

87

Белата куќа денеска воведе нови тешки санкции за Венецуела, обвинета дека со Куба и Никарагва ја формира „тиранска тројка“ во Јужна Америка.

Советникот за национална безбедност Џон Болтон најави нови санкции за Венецуела и Куба, додавајќи дека САД ќе воведат дополнителни санкции и за Никарагва.

– Тие земји претставуваат деструктивни сили на угнетувањето, социјализмот и тоталитаризмот – истакна Болтон, додавајќи дека таа тројка „конечно наиде на тврд орев“ со оваа администрација.

Болтон изјавата ја даде во Мајами каде што живеат илјадници луѓе кои избегале од тие три земји.

Санкциите на САД против Венецуела забрануваат американски државјани да тргуваат злато од таа јужноамериканска земја, а на мерките против Куба се додадени уште некои имиња на постоечката „црна листа“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...