САД се на готов ако треба воена интервенција во Венецуела

157
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денеска дека САД се подготвени да преземат воена интервенција, со цел да ги спречат немирите во Венецуела.

– Воена акција е можна. Доколку биде побарано, САД тоа ќе го направи – истакна Помпео.

Сепак, тој додаде дека САД повеќе се залагаат за мирна транзиција на власта во Венецуела, но ќе направат се што е во нивна моќ за да не ескалира ситуацијата.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...