САД се надеваат дека на преговорите ќе биде постигнат напредок за мир на Корејскиот Полуостров

Вашингтон очекува да продолжат разговорите со Јужна Кореја за подготовка на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во следниот период.

59

САД се надеваат дека со преговорите меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ќе биде постигнат напредок кон мирот и просперитетот на Корејскиот полуостров, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

– Вашингтон очекува да продолжат разговорите со Јужна Кореја за подготовка на планираната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во следниот период, додаде Сандерс.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...