САД се брани – Започна кибер-кампања против руски агенти во пресрет на претстојните избори

Весникот „Њујорк тајмс“ посочува дека тоа е прва таква операција за заштита на американските избори, за која се појавува информација.

67

САД започнаа кибер-кампања насочена против руски тајни агенти, во обид да се спречат дезинформации во пресрет на изборите закажани за 6 ноември, пишува весникот „Њујорк тајмс“.

Весникот посочува дека тоа е прва таква операција за заштита на американските избори, за која се појавува информација. Притоа цитира неименувани претставници на Министерството за одбрана кои биле запознаени со операцијата.

Тие изјавуваат дека американската кибер-контрола е насочена кон одредени корисници затскриени зад кампањата со цел да се спречат ширењето пропаганда и лажните информации.

– Иако САД не користат закани кон конкретни лица, нивните претходни санкции и пресуди може да помогнат во спречување на руските разузнавачки агенти откако ќе бидат идентификувани, додава „Њујорк тајмс“.

Американските разузнавачки служби дошле до сознание дека организациите поддржани од Кремљ интервенирале во предизборната кампања во 2016 година за да го помогнат републиканскиот кандидат Доналд Трамп, обвинение кое Москва постојано го негира.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...