САД побараа сите земји да прекинат увоз на иранска нафта

Запрашан дали сите земји треба целосно да престанат да увезуваат нафта од Иран до 4 ноември, тој одговори потврдно.

112

САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември, доколку сакаат да ги избегнат американските санкции воведени по повлекувањето на САД од меѓународниот договор со Иран за нуклеарната програма, изјави висок официјален претставник на САД.

– Тоа е еден од нашите главни принципи за национална безбедност. Нема да одам до таму да кажам дека дефинитивно ќе има нулта исклучоци, но нашиот став е не одобруваме исклучоци – вели претставникот на Стејт департментот, кој побарал анонимност, јавија западни медиуми.

Запрашан дали сите земји треба целосно да престанат да увезуваат нафта од Иран до 4 ноември, тој одговори потврдно.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...