САД планираат отворање воена база во Полска

51

Потсекретарот за одбрана на САД задолжен за политички прашање Џон Руд на средби во Варшава со првите луѓе на полската одбрана, разговарал за отворање на американска воена база во Полска, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На средбата било договорено распоредувањето на американските сили да се случи најдоцна до септември годинава.

– Настапивме со многу сериозен предлог и неделава разгледуваме некои технички детали околу тоа. Се надеваме дека средбата ќе резултира во цврста основа за понатамошна соработка – изјави портпаролката на Руд, Кејти Вилбергер пред членовите на Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом.

Според неа, ако Полска го прифати предлогот, Стејт департментот ќе продолжи со изработка на договорот. Вилбергер, сепак, не откри детали од американскиот предлог до Полска за отворање на воената база.

При посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Полска, лани во септември, тој и неговиот полски колега Анджеј Дуда се договорија за проширување на соработката во сферата на одбраната и разузнавањето и најавија можно отворање на американска воена база во Полска.

Руското Министерство за надворешни работи тогаш изјави дека овие планови се насочени против Русија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...