САД одобрија одгледување на генетски модифициран памук за храна

91

Американските регулаторни тела одобрија фармерите да одгледуваат генетски модифициран памук за да може и семето од него да биде хранливо за луѓето.

Семето би било нов извор на храна со потенцијално богати протеини и може да се покаже како корисно во држави каде се одгледува памук, и истовремено владее неисхранетост на населението.

Инспекциската служба за контрола на растенија и животни во американското Министерство за земјоделство укина забрана за одгледување памук што е развиен од научници од Универзитетот АиМ во Тексас.

Семето на памукот на новоразвиеното растение се уште не може да се користи како храна во САД, бидејќи се чека на дозвола од Управата за храна и лекови (ФДА).

Памукот се одгледува во светот за производство на текстил, додека семето се користи за храна за животни, стока и овци кои имаат повеќе комори во желудникот.

Семето од памукот не се применува за исхрана на луѓето, бидејќи содржи големи количини токсини. Ако количината на семето на памук што моментов се произведува во светот се користи за исхрана, тоа би било доволно извор на протеини за речиси 575 милиони луѓе, нагласуваат научници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...