САД нема директно да преговараат со сирискиот претседател Башар ал-Асад, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.
– Нема да имаме директни преговори со Асад – изјави Хејли во интервју за телевизијата Си-Би-Ес, нагласувајќи дека Сирија не е толку вредна за да разговара директно со Вашингтон.
Таа ги обвини сириските власти дека досега одбивале да учествуваат во мултилатералните преговори организрани во рамки на политичкиот процес за надминување на кризата во земјата, што се одвива под покровителство на ОН, при што нагласи дека Русија треба да ја „донесе Сирија“ на преговарачката маса.
Хејли претходно во интервју за телевизијата Фокс изјави дека САД нема да ги повлечат своите војници од Сирија се додека не остварат три цели.
Таа нагласи прва цел на САД во Сирија е да добијат гаранции дека хемиското оружје нема да се користи на начин што би ги загрозувал американските итереси, втора – целоно да биде поразена групата Исламска држава и трета – да се создаде добра позиција за следење на активностите на Иран.
– Наша цел е американските сили да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеми сигурни дека сме ги оставриле овие три работи – изјави Хејли.