САД на границата со Мексико за една година уапсиле еден милион луѓе

23

Речиси еден милион луѓе се приведени во САД на границата со Мексико од октомври 2018 година досега, што е највисока цифра за 12 години, изјави шефот на американската гранична полиција.

– Операциите на југозападната граница на САД достигнаа речиси еден милион за фискалната 2019 година, што заврши кон крајот на септември – изјави Марк Морган на прес-конференција во Вашингтон.

САД во 2019 година се соочуваат со нелегален влез од Мексико, главно граѓани на централна Америка кои бегаат од насилство и сиромаштија. Тој прилив предизвика криза на границата со преполни центри за прием и очајни санитарни услови.

– Приведувањата на границата достигнаа врв од 144.000 во мај. Оттогаш, бројот на приведени се намали на 52.000 во септември – рече Морган.

За да се намали бројот на несакани странци што доаѓаат, американската влада го притиска Мексико да распореди трупи на нејзината јужна граница за да ги спречи доаѓање на мигрантите, претежно од Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...