САД може да ја прекинат обуката турски пилоти заради купувањето руски ПВО системи

Пилотите се обучуваат во авиобаза во Аризона. Во врска со ова, не е јасно дали ќе мора да ја напуштат државата доколку обуката е прекината или може да останат во базата додека не се донесе конечната одлука.

62

САД би можеле да ја прекинат обуката на турските пилоти за управување со борбени авиони Ф-35 поради планот на Анкара да купи руски ракетни системи С-400, јавија западни медиуми, цитирајќи неименувани извори.

Пилотите се обучуваат во авиобаза во Аризона. Во врска со ова, не е јасно дали ќе мора да ја напуштат државата доколку обуката е прекината или може да останат во базата додека не се донесе конечната одлука.

Претходно, Анкара истакна дека нема да се откаже од купувањето на „Триумф”, додека првата испорака се очекува во јули.

Телевизијата Си-Ен-Би-Си повикувајќи се на извори објави дека САД и дале на Турција две недели да го откажат набавувањето на руски противвоздушни системи С-400 во корист на американските системи Патриот. Во спротивен сллучај Вашингтон ќе ја исфрли Турција од програмата на Ф-35 на „Локид Мартин”, ќе воведе санкции и ќе бара реакција на НАТО.

Турција постојано истакнува дека С-400 не претставуваат закана за Ф-35.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...