САД и Кина нема да влегуваат во трговска војна

Кинескиот вицепремиер за својата посета на Вашингтон рече дека е „позитивна, конструктивна и продуктивна“. Тој истакна дека решавањето на старите трговско-економски спорови меѓу Пекинг и Вашингтон ќе трае долго.

133

Кина и САД се договорија дека нема да водат трговска војна и дека ќе го запрат воведувањето взаеми царини, изјави вицепремиерот на Државниот совет на Кина Лиу Хе по преговорите во Вашингтон.

– Најважен резултат од одржаните трговско – економски консултации е дека страните постигнаа консензус да не се води трговска војна, како и да престане воведувањето меѓусебни царини- рече Лиу Хе.

Кинескиот вицепремиер за својата посета на Вашингтон рече дека е „позитивна, конструктивна и продуктивна“. Тој истакна дека решавањето на старите трговско-економски спорови меѓу Пекинг и Вашингтон ќе трае долго.

Во Вашингтон на 17 и 18 мај беа одржани консултации меѓу трговски делегации на САД и Кина на кои двете страни се договорија да преземат мерки за намалување на трговскиот дефицит во трговскиот биланс на САД во трговијата со Кина и значително да го зголемат извозот на американски стоки и услуги во Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...