Вашингтон и Брисел подготвуваат стратегија за да и се спротивстават на Русија на Балканот, изјави заменик-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, пренесува Спутник Србија.
Како што изјавил Палмер, САД се заинтересирани за зачувување на стабилност во регионот, додека Русија сака само да „внесе хаос“.
Тој за време на неговата посета на Хрватска, според Блумберг, изјавил дека Русија упорно се обидува да го поремети договорот кој недамна го постигнаа Грција и Северна Македонија, како и да ги „разбесни“ Србите во Босна и Херцеговина.
– Додека САД и нашите партнери сакаат мир втемелен на законите и на транспарентноста, Москва посакува хаос и недоверба – додаде заменик-државниот секретар на САД.
Тој повтори дека САД сакаат Косово да ги укине таксите за производи од Србија, за да може дијалогот со Белград повторно да се почне.