САД и Велика Британија денеска обвинија хакерски групи, кои наводно имаат поддршка од руската Влада, дека ги инфицирале компјутерските рутери ширум светот. Нивна цел биле владини агенции, компании и клучни инфраструктурни оператори.
Американски и британски претставници изјавија дека планираат да алармираат за евентуалните напади.
– Цел на нападите се рутерите, кои се клучен дел од мрежните инфраструктури и можат да бидат користени за идни напади – посочија тие.