Американската војска соопшти дека на почетокот на следната година подготвува огромна воена вежба во Европа во која ќе учествуваат 20.000 војници од САД.
Тоа е најголем број во последните 25 години.
Американската Европска команда нагласи дека маневрите „Бранител Европа 20“ ќе се одржат од април до мај 2020 година, како поддршка за целта на НАТО да „изгради подготвеност внатре во Алијансата и да ги одврати потенцијалните противници“.
Во вежбите се очекува учество на војници од 18 земји. Меѓу другите, ќе бидат и 9.000 Американци кои се веќе распоредени во Европа и 8.000 европски војници.
Фото: EPA/EFE/ZURAB KURTSIKIDZE