САД идентификувале локации од Иран од каде се погодени саудиски нафтени постројки

626

САД идентификуваа локации во Иран од кои биле лансирани дронови и крстосувачки ракети врз клучни саудиски нафтени инсталации, изјави официјален претставник.

Тој прецизираше за Си-Би-Ес Њуз дека тие локации се наоѓаат во јужниот дел на Иран и северниот дел на Заливот.

Саудиската воздушна одбрана не ги спречила дроновите и ракетите во саботата бидејќи нејзиниот одбранбен систем бил насочен кон југ за да спречи какви било напади од Јемен, додаде официјалниот претставник.

Си-Ен-Ен денеска исто така јави дека саудиските и американските иследници утврдиле со голема веројатност дека нападот во саботата врз саудиските нафтени постројки бил извршен од иранска база во Иран, во близина на границата со Ирак.

Според истражителите, ракетите летале над воздушниот простор на јужен Ирак и Кувајт.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...