САД засега без заштита од руските ракети од среден и краток дострел

79

САД засега немаат заштита од руските ракети што го прекршуваат Договорот за уништување ракети со среден и краток дострел, изјави американскиот амбасадор во НАТО Кеј Бејли Хатчинсон во Брисел.

Изјавата е дадена пред средбата на министри за одбрана од земјите-членки на НАТО на 26-27 јуни.

Според Хатчинсон, САД анализираат можен одговор на прекинот на дејството на Договорот во сферата на конвенционалните оружје.

-Русија се уште има пет недели, за да се врати на почитување на договорот, но, ако не го стори тоа, разгледуваме неколку опции како да реагираме и дискутираме за тоа прашање со нашите европски партнери во НАТО, нагласи дипломатот.

САД соопштија дека излегуваат од Договорот на 2 февруари оваа година. Потоа почна да тече шестмесечниот преоден период, во рамките на кој договорот може да биде спасен.

Претседателот на Русија Владимир Путин на 4 март потпиша указ за прекин на учество на Русија во договорот од 1 март заради ставот на САД за тоа прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...