САД го обвини Асанж за ковање заговор со Челси Менинг

189

Американските обвинители денеска соопштија дека поднеле обвинение против основачот на Викиликс Џулијан Асанж, кој заедно со поранешниот американски разузнавачки аналитичар Челси Менинг, ковал заговор во обид да пристапи до доверливи информации во компјутерот на американската влада во 2010 година.

Асанж, кој беше уапсен денеска во амбасадата на Еквадор во Лондон, се соочува со максимум пет години затвор, се наведува во соопштението на американското Министерство за правда.

Основачот на „Викиликс” е обвинет дека му помагал на Менинг да ја пробие лозинката, со помош на која  успеал да пристапи до податоци во компјутерите на Пентагон.

Адвокатот на Асанж претходно изјави дека неговиот клиент планира да се бори против обвинувањата на САД.

Асанж е на пат кон Судот во Вестминстер, кој ќе одлучи за неговата екстрадиција во САД.

Тој беше уапсен откако Владата на Еквадор му го укина азилот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...