САД го блокираа создавањето арбитражен суд за царините за челик и алуминиум

109

САД го блокираа создавање на арбитражен суд под покровителство на Светската трговска организација (СТО), пред кој би се разгледал спорот со Русија во врска со воведувањето увозни царини за челик и алуминиум, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Русија има намера во ноември повторно да побара арбитража за царините вововедени од Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, а слични барања имаат и Норвешка, ЕУ и уште неколку други земји.

Норвешкиот министер за надворешни работи Ине Ериксен,изјави дека мерките на САД „се против правилата на СТО“.

– Во ноември групата ќе биде создадена автоматски и САД нема да имаат право да го блокираат тоа решение, соопшти извор од руското Министерство за економски развој.

Во март годинава САД воведоа царини во висона од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум. Царинскиот режим се однесува на сите земји освен Австралија и Аргентина, додека царините за увозот од Бразил и Јужна Кореја е одложен.

ЕУ, Русија, Кина и Канада објавија дека воведуваат реципроцитетни мерки. Покрај Русија, американските царини се оспорени и од Кина, Индија, ЕУ, Канада, Мексико, Норвешка, Швајцарија и Турција.

Арбитрежните спорови во СТО понекогаш траат и по неколку години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...