САД воведоа нови царини за кинески производи

На 6 јули САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 милијарди долари.

63

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе денеска нови царини за кинески производи. Царините се од 25 отсто и се за увозни стоки вредни 16 милијарди долари.

На 6 јули САД воведоа царини од 25 отсто за кинески стоки вредни 34 милијарди долари.

Таа ескалација на трговска војна меѓу двете држави може да биде проследена со нов бран во септември кога може да бидат воведени царини за стоки за 200 милијарди долари.

Новите царини се воведоа неколку часа пред вториот ден од разговори меѓу американски и кинески претставници кои се обидуваат да стават крај на трговската војна меѓу државите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...