САД воведоа и економски санкции за 17 Саудијци поради убиството на Кашоги

60

САД, покрај забраната за патување, денеска воведоа и економски санкции за 17 државјани на Саудиска Арабија, кои се осомничени дека учествувале во убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Генералниот конзулат на арапското кралство во Истанбул.

Според новите санкции, целиот имот на овие лица се замрзнува, а на Американците им е забрането да соработуваат со нив.

Еден од Саудијците е висок советник на саудискиот престолонаследник, принцот Мохамед бин Салман.

Според американското Министерство за финансии, тој бил „дел од планирањето и извршувањето на операцијата што доведе до убиство“ на Кашоги.

– Саудиските претставници кои ги санкциониравме се вмешани во ужасното убиство на Џамал Кашоги – изјави министерот за финансии Стивен Мнучин, додавајќи дека тие треба да одговараат за „бруталното убиство“.

Американските власти побараа од саудиската Влада целосна истрага за убиството на Кашоги.

Саудиските власти притворија 21 лице, а саудиски обвинител изјави дека за пет лица ќе биде побарана смртна казна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...