САД воведе санкции за руски и кинески фирми поради соработка со Северна Кореја

Според американската администрација, нелегалната трговијата со цигари во Северна Кореја носи приходи од над милијарда долари годишно, велат од Министерството за финансии на САД.

145

САД наложија санкции на три претпријатија и едно физичко лице, обвинети за поддршка на трговските односи со Северна Кореја, и покрај ембаргото наложено на Пјонгјанг, соопшти американското Министерство за финансии.

Кинеското претпријатие „Далијан сан мун стар интернешнал логистикс трејдинг ко” (Dalian Sun Moon Star International Logistics Trading Co) и сингапурската филијала на СИНСМС се обвинети, дека изнесувале алкохол и цигари за Северна Кореја, фалсификувајќи документи за испорака.

Според американската администрација, нелегалната трговијата со цигари во Северна Кореја носи приходи од над милијарда долари годишно, велат од Министерството за финансии на САД.

Покрај тоа, санкции се наложени на руската компанија „Профинет“ и нејзиниот генерален директор Василиј Колчанов. Тие обезбедувале пристанишни услуги за севернокорејските бродови, вклучувајќи и два танкери за нафта, кои долго време биле предмет на санкции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...