САД бараат ЕУ да воведе дополнителни санкции кон Русија

54

САД сакаат нивните европски сојузници да разгледаат воведување дополнителни санкции кон Русија поради состојбата во Украина, изјави денеска во Брисел американскиот специјален претставник за Украина, Курт Волкер.

– Ги охрабруваме нашите европски сојузници да разгледаат начини на кои би можеле да се спроведат дополнителните санкции – изјави Волкер.

Тој нагласи дека во овој момент Германија и Франција не разгледуваат воведување нови санкции кон Русија, но дека со текот на времето работите може да се променат.

Можност за воведување дополнителни санкции кон Русија поради задржувањето на трите украински брода во неделата, вчера најавија неколку европски лидери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...