Откако призна дека во соработка со папараците снимил лажни фотографии за кои бил платен, сега се појавија написи дека Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, од ќерката барал пари пред самата венчавка.
Ни двете недели по кралската венчавка не престанува интересот на медиумите за Томас Маркл, таткото на Меган, кој требаше да ја испрати до олтарот, но од тоа, сепак, се откажа поради здравствените проблеми. Но, странските медиуми сега пишуваат дека тој се откажал од присуството на свадбата затоа што барал пари од ќерка си пред нејзината кралска венчавка. Наводно ја контактирал дури два пати, а таа одбила да му помогне.
Но, Томас сега таквите тврдења ги отфрла и вели дека парите никогаш не биле тема на нивните разговори, но за порталот ТМЗ рекол дека Меган сигурно би му изглегла в пресрет кога тоа би било потребно.
Томас два дена пред венчавката на својата ќерка се подложи на операција на срцето, после што закрепнуваше од оперативниот зафат, а наредната недела има закажано контрола.